fbpx

Што всушност претставува бизнис менторството?

Како функционира стартап бизнис тренингот на GrowBiz?

Погледнете го ова видео за да ја разберете суштината на нашата програма за бизнис менторство и како истата може да го поттикне вашето претприемачко патување.

Зошто бизнис менторство?

Замислете како патувате во непозната џунгла без водич. Така може да се чувствувате за започнување и развивање бизнис ако се обидете да го направите тоа сами. Бизнис менторството не е само за лидери на големи компании.

Тоа е за вас, претприемачот, кој ја подготвува својата бизнис идеја за лансирање или кој штотуку започнал мал бизнис, но сфаќа дека некои насоки би можеле да помогнат. Бизнис менторот може да ви помогне да напредувате кон вашата бизнис дестинација, притоа намалувајќи го ризикот по патот.

Што е бизнис менторство?

Бизнис менторството не е консалтинг, каде што плаќате, а консултантот ја работи работата за вас. Со бизнис менторство, вие ја завршувате работата, но менторот е тука за да обезбеди насоки, структура, повратни информации и да ве држи одговорни за вашите одлуки.

Исто како ментор во теретана, сè уште треба да ја кревате тежината, но менторот до вас може да ви помогне да ги разјасните, поставите и постигнете вашите бизнис цели поефективно и поефикасно отколку да одите сами.

Како GrowBiz Стартап може да ви помогне?

Програмата за бизнис менторство на GrowBiz Стартап ви обезбедува два ментори кои ќе ви асистираат во вашето патување:

Меѓународен бизнис ментор

од САД или Европа

Локален бизнис ментор

од Македонија

Вашиот персонализиран менторски тим може да ви помогне вам, на претприемачот и на вашиот стартап бизнис, на неколку конкретни начини во зависност од тоа каде се наоѓате во вашето претприемачко патување.

Подготвени сте за следниот чекор?

Дознајте повеќе за фазите на бизнис менторство кои се насочени кон идните претприемачи и веќепостоечките бизнис сопственици, и како GrowBiz Стартап може да ви помогне во вашите бизнис потреби.

Адреса на канцеларијата

ул. Хелсинки 47A 1-5
Скопје, Македонија
Насоки

Работни часови

Пон – пет : 09:00 – 17:00
Сабота и недела: затворено
Празници: затворено

Контактирајте нè

+389 2 32 20 426
growbiz@linkacross.org

Следете нѐ на социјалните мрежи