fbpx

За нас

GrowBiz Стартап е програма на ЛинкАкрос која има за цел да им помогне на претприемачите на Балканот да започнат и раководат бизниси кои се засновани на добри вредности и се насочени кон потребите на пазарот.

10 годишно влијание врз економијата на Балканот

Низ годините успешно соработувавме со организации како USAID и локалните власти сѐ со цел да им овозможиме на претприемачи од различни индустрии да започнат и водат свои бизниси.

Претприемачи кои биле дел од нашата програма

Часови менторско искуство

Нашата приказна

GrowBiz Стартап е проект воден од LinkAcross, развојна организација чија мисија е сеопфатен развој на Балканот. GrowBiz Startup е изграден врз основа на долгогодишно претходно искуство поврзано со стотици претприемачи и сопственици на бизниси на микро, мали и средни нивоа на бизнис во Албанија и Македонија. Искористувајќи ги своите длабоки врски во САД, GrowBiz Стартап им овозможи на десетици меѓународни ментори да се поврзат со стотици балкански претприемачи, што резултираше со започнување на многу бизниси кои се добри за луѓето, планетата и се профитабилни.

Мисија

Поврзување на претприемачи од Балканот со ментори и извори на финансирање со цел нивните соништа да постанат успешни бизниси.

Визија

Да помогнеме во започнување и раст на бизниси водени од добри вредности, кои би помогнале во холистичкиот развој на Балканот.

Програмата GrowBiz Стартап има клучна улога во започнување на бизниси кои не само што се профитабилни, туку се од полза за луѓето и планетата. Нашиот уникатен пристап ги комбинира најдобрите светски практики применети на локално ниво, притоа помагајќи им на бизнисите кои ги започнуваме да се соочат со предизвиците на модерниот пазар. Најважно од сѐ, му помагаме на претприемачот да си одговори на прашањето ЗОШТО сакаат да започнат бизнис, и дали тој чекор е најсоодветен за нив.

Служење

Ги приоретизираме потребите и целите на нашите клиенти.

Извонредност

Им служиме на клиентите со додавање највисоко ниво на бизнис вредност.

~

Интегритет

Работиме чесно, транспарентно, и посветено.

Партнерство

Соработуваме со меѓународни и локални бизнис експерти со цел да им дадеме максимална вредност на нашите клиенти.

Нашиот тим

Запознајте ги поединците кои стојат зад GrowBiz Стартап. Нашиот тим се состои од искусни претприемачи, бизнис ментори и експерти од Балканот и САД, сите обединети со визијата за поттикнување на претприемачкиот успех во регионот.

Клеј Бутемер

Клеј Бутемер

Извршен директор и основач | Директор на македонската канцеларија

Џеф Барет

Џеф Барет

Оперативен директор на ЛинкАкрос | Директор на албанската канцеларија

Данаил Ристовски

Данаил Ристовски

GrowBiz локален ментор и проект менаџер

Марко Халидри

Марко Халидри

GrowBiz локален ментор и проект менаџер

+ 30 меѓународни бизнис ментори од САД и ЕУ

Подготвени сте за следниот чекор?

Дознајте повеќе за фазите на бизнис менторство кои се насочени кон идните претприемачи и веќепостоечките бизнис сопственици, и како GrowBiz Стартап може да ви помогне во вашите бизнис потреби.

Адреса на канцеларијата

ул. Хелсинки 47A 1-5
Скопје, Македонија
Насоки

Работни часови

Пон – пет : 09:00 – 17:00
Сабота и недела: затворено
Празници: затворено

Контактирајте нè

+389 2 32 20 426
growbiz@linkacross.org

Следете нѐ на социјалните мрежи