fbpx

Од сон до успешен бизнис

7 прашања што треба да ги одговорите за да избегнете неуспех

2 април 2024, 18:00 – 21:00

Зошто да присуствувате?

Тргнувањето на претприемачкото патување е возбудлив, но застрашувачки предизвик. Со безброј пречки и одлуки на патот, знаејќи ги вистинските прашања што треба да ги поставите е половина од битката.

Овој настан е дизајниран да ве опреми со стратегија за критичко оценување на вашата бизнис идеја и да постави силна основа за успешен стартап.

Ќе имате шанса да научите како бизнис менторството може да ви помогне да ги постигнете вашите цели, како и да имате можност да се поврзете со бизнис ментор за понатамошно водство во вашиот претприемачки подвиг еден-на-еден.

Што да очекувате?

$

Сесија 1: Претприемачкиот предизвик

Доколку не се подготвите добро, голема е веројатноста да се соочите со вообичаените стапици при започнување на бизнис. Заедно ќе обработиме вистниски случај за нов и мал локален бизнис од Македонија која ги надминала тие стапици и предизвици.

$

Сесија 2: 7 клучни прашања за да избегнете неуспех

Дознајте кои се 7-те критични прашања кои морате да ги одговорите за успех на вашиот бизнис. Преку реални примери, научете како да ја усовршите вредноста на вашата понуда и да го тестирате вашиот бизнис модел за да се осигурате дека ги исполнувате потребите на пазарот.

$

Сесија 3: Вашите следни чекори до успехот

Дознајте како GrowBiz Стартап програмата за менторство може да ги персонализира 7-те прашања за вашиот бизнис. Слушнете успешни приказни, разберете го нашиот процес на обука и научете како да аплицирате за програмата за да го претворите вашиот бизнис сон во реалност.

Што ќе добиете?

Реални бизнис случаи

Интерактивни дискусии

Можности за вмрежување

Говорници

Игор Матески

Игор Матески

Основач на дигиталната агенција WebMaxFormance.com од 2008. Од стартапи до национални бизниси и владини агенции во САД и Канада, агенцијата им помага на фирмите да постигнат 10-кратен растеж преку дигитални стратегии. Желбата да го сподели искуството и знаењето ја реализира преку ЛинкАкрос активности.

Клеј Бутемер

Клеј Бутемер

Извршен директор и ко-основач на ЛинкАкрос, Американска невладина којашто го овозможува Гроубиз Стартап и чија мисија е поврзување на партнери за развој и процвет на Балканот. Тој е магистриран инжинер и привршува со своите постдипломски студии по бизнис на Универзитетот Бостон.

Филип Димитријевиќ

Филип Димитријевиќ

Менаџер на GrowBiz Стартап програмата во Македонија и сопственик на сметководствена компанија. Тој е дипломиран менаџер по бизнис логистика, како и овластен сметководител со 5+ години искуство во сметководство и правни работи. По природа е љубопитна личност со голема желба за учење на нови вештини и запознавање нови луѓе.

Придружете ни се

Не ја пропуштајте оваа можност да ја трансформирате вашата бизнис идеја во успешен стартап. Регистрирај се бесплатно сега за да го обезбедите своето место и да го направите првиот чекор кон претприемачки успех.

Адреса на канцеларијата

ул. Хелсинки 47A 1-5
Скопје, Македонија
Насоки

Работни часови

Пон – пет : 09:00 – 17:00
Сабота и недела: затворено
Празници: затворено

Контактирајте нè

+389 2 32 20 426
growbiz@linkacross.org

Следете нѐ на социјалните мрежи